Повеќе знамиња одошто памет

Во Мелбурн во неделата, на 21 јануари, со почеток во 13:30 часот беше одржан митинг на екстремистичките припадници од грчката заедница во Викторија. Собирот беше свикан преку Фејсбук, а по краткиот марш од еден блок, толпата се задржа пред конзулатот на Грција на адреса 37-39 Albert Rd, Melbourne.

Наводната причина за оваа демонстрација беше да се изрази загриженост дека не смее да се “даде” името Македонија да го користи некој друг освен Грција.
На митингот се собраа неколку стотина екстремисти кои бучно се дереа дека “Македонија е Грција”, и извикуваа расистички погрдни пароли како: Славјани, Бугари, Цигани, Скопјани итн….
Во еден момент петмина навистина храбри Македонци се појавија на собирот и разулавените поединци се нафрлија да ги линчуваат, на што полицијата благовремено реагираше и создаде растојание меѓу нив и безбедно ги извлече.
Омаловажувачко и нечовечно однесување не смее да се толерира во Австралија и секој има право да се движи во кој било дел на државата без да биде нападнат. Викториската полиција треба да преземе мерки и да се казнат оние што го свикале овој собир и за нивното навредувачко однесување.
Интересен факт е што државната тајна служба на Грција, која е водена од испоставата на Панмакедоники, се дистанцираше уште пред да се одржи оваа демонстрација.

Се случи вербална пресметка на учесници на демонстрациите и група Македонци кои, облечени во маици со македонски национални обележја, седеја на кафе во близина на грчкиот конзулат. Потоа дојде и до кошкање, по што интервенираше полицијата која употреби спреј.

Останати вести