Повлечени млеката на Coles и Pauls како и јајца од некои производители

Ако вашето млеко од марките Coles и Pauls е малку жолтеникаво, бидете внимателни. Освен тоа, јајца од одредени производители би можеле да бидат заразени со салмонела.
Агенцијата за храна на Нов Јужен Велс советува компанијата Egg Basket да ги повлече Country fresh eggs, Just Eggs, Chefs Choice cage free eggs. Ова повлекување на производите се налага поради можното присуство на предизикувач на salmonella enteriridis.

Салмонелата е еден од многуте можни предизвикувачи на гастроентеритис, а се јавува по конзумирање на предизвикувачот низ контиминирана храна. Животинскиот измет кој ја содржи бактеријата салмонела може да се пренесе и на луѓето. Инфекцијата од бактеријата салмонела може да предизвика температура, повраќање и дијареа.
Овие производи не се продавале во продавниците The Eggs Basket и Flemington Markets во Нов Јужен Велс. Повлечените јајца имаат рок на траење до 24 јуни 2019, 5 јули 2019 и 9 јули 2019 година. Овие јајца го носат кодот eb24449. На сите потрошувачи кои се загрижени за своето здравје им се советува да се консултираат со лекарите, да ги вратат производите на местото од каде ги купиле и да бараат враќање на парите.
Во меѓувреме некои видови млека на Coles и Pauls исто така се повлечени од полиците. Производителот Lactalis Australia спроведува повлекување на производите затоа што млекото било контаминирано со отопина за чистење млекарски погoни од прехрамбрено ниво. Млечните производи можат да имаат жолтеникава боја и/или да имаат метален вкус.
Повлечените производи можеле да се купат во продавниците Coles, Woolworths, IGA и во други продавници низ Викторија, како и во три продавници на Coles во Нов Јужен Велс (Deniliquin, Lavington и Albury), како и на мал број бензински пумпи и продавници во областите Murray, Riverin и западните окрузи на Нов Јужен Велс. Повлечените млека (со валиден рок на траење) се:
– Pauls Smarter White Milk, пакувано во шише од еден литар со рок на траење до 25 јуни, 26 јуни, 27 јуни
– Pauls Full Fat Cream Milk пакувано во шише од еден литар со рок на траење 26 јуни, 27 јуни
-Pauls Physical Skim пакувано во шише од еден литар со рок на траење до 27 јуни
– Pauls Rev Low Fat, пакувано во шише од еден литар со рок на траење до 26 јуни
– Coles Lite Milk пакувано во шише од еден литар со рок на траење до 25 јуни, до 26 јуни
– Coles Full Cream Milk пакувано во шише од еден литар со рок на траење до 25 јуни, 26 јуни.
Потрошувачите кои ги купиле овие производи треба да ги вратат на местото од каде што ги купиле и да бараат враќање на парите.

Останати вести