Седум лоши навики кои предизвикуваат пожар во домот

Со енормното зголемување на надворешната температура пристигнуваат и предупредувањата за опасностите од пожар на отворено. Меѓутоа, оваа опасност од создавање пожар демне и во нашите домови.

Ви донесуваме листа на седум лоши навики кои можат да предизвикаат пожар во вашиот дом.
1. Погрешно спојување на електричните апарати. Секогаш мора да оставате простор околу електричните апарати бидејќи не смеете да дозволите топлината која се создава да се генерира. Сите големи кујнски апарати како шпоретот, фрижидерот и машината за перење алишта или за миење садови мора директно да бидат вклучени во свој штекер, а не споени преку продолжен кабел. Доколку неколку од големите апарати се вклучени во струја преку еден продолжен кабел, ризикувате појава на краток спој кој може да предизвика пожар.

2. Излегувате од кујна додека шпоретот сè уште е вклучен. Еден од најчестите причинители за пожари во домот е готвењето. Потребни се само неколку секунди плинот или електричната плоча да предизвикаат оган, па токму затоа и пожарникарите советуваат никогаш да не излегувате од кујната додека готвите. Најчеста приочиа за пожар во лето во куќите и становите е оставањето вклучени грејни плочи како и невнимателно оставање запалени цигари.
3. Користите стари и оштетени продолжени кабли. Тие можат да создадат струен удар и исто така да го зголемат ризикот од пожар во домот. Топлината и искрите кои ги создаваат „отворените” жици во кабелот можат лесно да дојдат во контакт со кои било лесно запаливи предмети (тепих, крпа, чаршаф…) и во рок од 30 секунди да предизвикаат пожар.
4. Ги оставате електричните апарати вклучени кога излегувате од дома. Многумина денес имаат навика да отидат до продавница додека машината за перење алишта работи. Експертите и пожарникарите советуваат никогаш да не оставате електрични апарати „во погон” без надзор. Исто така кога одите на одмор, исклучете ги од струја сите електрични апарати вклучувајќи ги и телевизорот, компјутерот, ламбите, машината за садови или алишта, фрижидерот, особено ако подолго време сте отсутни од домот.
5. Не ја чистите сушалната за алишта. Поточно, не ги чистите редовно филтерите на сушалната и просторот околу барабанот во кој се собираат остатоците од ткаенините. Доколку не ја чистите, тие ќе се насоберат, а топлината од која ја произведува сушалната би можела да ги запали. Дури и бојлерот на плин поради нередовно одржување може да експлодира и исто така да предизвика пожар, исто како и обичниот кој не се чисти од камени наслаги.

6. Не ги гасите свеќите. Запаметете дека само една мала свеќа може да предизвика огромен пожар, додека вам ви е потребна само една секунда за да ја изгасите. Лесно се превртуваат и доколку имате домашни миленичиња тие можат случајно да ја срушат на поминување.

7. Го одложувате чистењето на оџакот. Креозот е опасна материја која се таложи при палење на дрвата и е еден од главните причинители за пожар во оџакот. Потребно е два пати годишно да повикате оџачар да го исчисти и провери вашиот оџак, еднаш пред сезоната на греење и еднаш по неа, но по потреба и во текот на сезоната ако забележите дека вашиот оџак многу чади

Останати вести