Македонскиот ресторан Нова Европа во Престон минатиов петок целосно изгоре. Кога пожарникарите пристигнале во 1 часот по полноќ се сретнала со пламен висок 30 метри. При гасењето се случиле две експлозии и исфрлање на огнени топки во воздухот.
Преку цел ден во петокот пред ресторанот имаше присуство на полиција која го имаше обезбедено периметарот а експерти го истражуваа случајот.
Командирот на пожарникарите, Давид Вудс, изјави дека за време на пожарот експлодирале боците со гас, поради што се слушнале експлозии и огнени топки се кренале во воздухот.
“Успеавме да извадиме 10 боци со 9кг гас од ресторанот но неколку од нив експлодираа” рече Вудс.
Пожарот бил толку силен што дури 17 пожарни и 44 пожарникари биле потребни за да го изгасат огнот во 5:15 наутро.
Се сеќаваме дека во овој ресторан минатиот октомври шефот на злогласните моторџии “Команчероси”, Амир Јаха (29) и Елвин Бафто (24), во пијана состојба испукаа осум куршуми во покривот.
Тогаш за среќа немаше повредени во пукањето. Подоцна двајцата беа уапсени за посед на оружје и дрога.
Елвин Бафто стана потоа првиот човек уапсен под новиот закон “Firearms Act offence” за носење и посед на нерегистрирано оружје во Викторија.


