Пожарникарите во Мелбурн се бореа со еден од најголемите пожари во поновата историја во градот, откако се запали складиште на фабрика во западното предградие Вест Футскреј.
Поради отровниот чад кој се ширеше кон предградието, затворени беа педесет училишта, а населението беше предупредено да остане во своите домови и да го избегнува чадот.
Пожарот избил во петок наутро по локално време и со огнената стихија се бореа околу 140 пожарникари, со помош на 30 пожарни камиони.
Се наведува дека пожарникарите успеаа да го стават пожарот под контрола, но дека ќе мора да дежураат „уште многу денови” додека теренот целосно се исчисти.
„Ова е секако еден од најголемите пожари кои сум ги видел во Мелбурн долго време”, рекол командантот на Пожарната бригада на Мелбурн, Грег Лич.
– Имаше доста експлозии. Експлодираа контејнери од 44 галони и летаа низ воздухот, што е опасност за нашите пожарникари, соопшти претставник на противпожарната служба.