Почетокот на есента донесе пожари во Викторија и НЈВ

Пожари опустошија заедници низ Викторија и Нов Јужен Велс, се верува дека над 80 куќи се уништени. Се стравува дека во катастрофалниот пожар во јужниот крајбрежен град Татра во Нов Јужен Велс од оганот биле оштетени едно училиште и 70 куќи.

Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс информира оти пожарот и понатаму не е целосно под контрола. Заповедникот на противпожарната служба, Shane Fitzsimmons, вели дека низ државата има 20 активни пожари, а пет и понатаму не се под контрола.
„Низ градот летаа огнени парчиња и тие предизвикаа пет пожари кои почнаа низ улиците на градот” – рече тој. Локалното население ноќта ја поминале во евакуацискиот центар не знаејќи што ќе ги чека следното утро. Комуникациите биле отежнати кога се срушил репетиторот за мобилни сигнали поради што било тешко да се процени колку лица останале во градот. Во меѓувреме стотици пожарникари се бореа со запалени растенија и трева на југоистокот на Викторија, откога домовите и економските земјоделски вредни објекти ги зафати пожар. Жителите на Викторија бегаа за да ги спасат своите животи додека најголемиот пожар во сезонава уништи најмалку 18 куќи и предизвика смрт на стока низ југозападниот дел на земјата. Оганот уништи десетици куќи низ државата и стотици грла добиток. Изгореа околку 40,000 хектари површина, жителите се евакуирани. Graig Lapsley повереникот за управување со итни случаи за Викторија вели дека главната опасност поминала и сега треба да се насочат за помош на афектираните заедници.
Пожар во Татра
Се стравува дека во пожарот кој го зафати крај­брежниот град Tathra во Нов Јужен Велс настрадаа или се оштетени околу 70 домаќинства, вклучувајќи го и популарниот парк со приколки. Руралната противпожарна служба на Нов Јужен Велс издаде предупредување за опасност кога пожарот ја премина реката Bega на југоистокот на земјата и се движеше кон имотите околку Thompson Drive. Peter Coulton изјави дека евакуацискиот центар е „целосно полн”.
„Слушнавме дека неколку десетици имоти во Tathra се уништени” – вели директорот за комуникации на Австралискиот осигурителен совет Campbell Fulleer: „Бидејќи е об­јавена катастрофа, со тоа се осигурува прво да се процесираат пријавите за штети од овие пожари така што на оние на кои им е најпотребно да добијат најитно внимание.”
Пожарот кој почна на местото Tarraganga источно од градот Bega го ширел силен северозападен ветер. Строга забрана за палење оган беше издадена за над половина од Нов Јужен Велс, вклучувајќи го и поширокото подрачје на Сиднеј поради големите температури и ветровите. Дванаесет од 21 области на оваа држава се афектирани од пожарот.
Катастрофални временски услови
„Летото помина, а за два дена го стартуваме сценариото за борба против пожарите како да е лето” – вели Lapsley.
Се верува дека ударите на громови можеби предизвикале некои од пожарите и дека може да се појават нови пожари предизвикани од громови. Околу 22,000 домаќинства низ државата останаа без струја за што е виновен силниот ветер кој ги руши електричните водови.

Останати вести