Пожарите креираа загуби тешки 5 милијарди долари

Австралија ќе се соочи со загуби тешки околу пет милијарди долари како резултат на погубните пожари кои полека се ставаат под контрола, покажуваат прогнозите на австралиската банка Вестпак.

Оваа природна катастрофа исто така може да „проголта” 0.2 до 0.5 проценти од бруто домашниот производ на земјата, се вели во прелиминарната анализа на банката.
Најголема штета трпи туристичкиот сектор и земјоделство, при што најтешко погодената територија сочинува околу еден процент од националната економија.
Од 8 ноември, кога беше прогласена вонредната состојба поради пожарите, до осигурителните компании се поднесени околу 10,550 барања за отштета во висина од 1.36 милијарда долари.
Иако вкупната цена на катастрофа како оваа (вклучувајќи и осигурани и неосигурани загуби кои бараат државна помош) отприлика се двапати поголеми од осигурените загуби, полното економско влијание е „високо неизвесно”, наведува банката.
Сегашната криза со пожарите има поголеми последици од пожарите кои ја зафатија Викторија во 2009 година во кои загинаа повеќе од 170 луѓе, уништени беа 2,029 куќи а изгореа повеќе од 400,000 хектари земја.
Само поплавите во Квинсленд 2010/11 година нанесоа поголеми штети со вкупно проценети трошоци од 6.4 милијарди австралиски долари, додаваат од Вестпак банката.

Останати вести