Пожарите во Амазонија со апокалиптични размери

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека пожарите кои што ја пустошат Амазонија претставуваат „меѓународна криза” и ги повика земјите членки на „Г7″ да разговараат за тој проблем на претстојниот самит.

„Нашата куќа е во пламен. Буквално. Гори Амазонија, белите дробови на нашата планета кои што произведуваат 20% од вкупниот кислород. Тоа е меѓународна криза”.
Изјавата на Макрон е парафраза на реченицата од 2002-ра година на поранешниот француски претседател Жак Ширак за глобалното затоплување, кога изјави дека „нашата куќа гори, а ние гледаме на другата страна”.
Макрон кој својата порака на Твитер ја напиша на француски и англиски јазик, му се придружи на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш кој истакна дека е „длабоко загрижен” поради пожарите во Амазонија.
Ситуацијата во најголемата прашума на планетата е тешка да се процени. Според податоците на Националниот институт за вселенски истражувања “INPE”, 75,336 шумски пожари се забележани во земјата од јануари до 21-ви август, или 84% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Според една невладина организација, 54% од тие пожари биле во Амазонија.

Останати вести