Пол Секфи споделил порака од пожарникарите кои го спасиле неговиот дом од пожар и потоа се извиниле што пиеле млеко од неговиот фрижидер.
Секфи се вратил во својот дом во Нов Јужен Велс и пронашол порака од локалните пожарникари: „Мило ми е што успеавме да ја спасиме вашата куќа. П.С. Ви должиме млеко”, стои во пораката.
Австралија веќе со недели се бори со пожарите во кои загинаа три лица, а 200 куќи се изгорени. Во Нов Јужен Велс сеуште горат повеќе од 60 пожари.
Секфи пораката ја пронашол во кујна. На пораката пишувало дека пожарникарите не успеале да го спасат складишниот простор во близина на куќата, но Австралиецот рекол дека не примил подобра порака „од утрото по неговата венчавка”.
Мило ми е што пораката дојде до вас”, напиша Кејл Харди-Портер на Фејсбук.
„Отидовме во вашиот дом и таму видовме фрижидер”, додаде тој, извинувајќи се за ужасниот ракопис, објаснувајќи дека било доцна и дека ништо не се гледало.
Осум милиони луѓе живеат во Нов Јужен Велс. Властите предупредуваат дека околностите би можеле да бидат уште полоши, бидејќи температурите во некои делови достигнуваат и преку 37 степени Целзиусови. Пожарот затворил повеќе од 600 училишта.