Пожари беснеат во Нов Јужен Велс

Најголемите пожари беснеат во реонот на Сините Планини, западно од Сиднеј, каде во неколку помали населени места досега целосно се уништени 193 станбени или деловни објекти, а 109 се делумно оштетени.

 

Во Сиднеј се чувствува мирисот на чад, а здравствените работници предупредија на зголемени ризици по здравјето на децата, постарите лица и хронично болните.

Во целата држава и натаму е во сила забраната за палење огнови.

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека започнало истрага во врска со сомнежите дека еден од големите пожари бил предизвикан од експлозија за време на маневри на полигон на Вооружените сили на Австралија.

Во пожарите досега загина едно лице. Станува збор за 63-годишен маж кој добил срцев удар додека се обидувал да го изгасне пожарот што го зафатил неговиот дом.

Јужните делови на Австралија веќе неколку дена се погодени од суво и ветровито време, што го отежнува гаснењето на пожарите. Јачината на ветерот се намали, но метеоролозите предвидуваат негово повторнио засилување.

Минатиот месец во Австралија беа регистирани досега највисоките температури измерени во септември, од како се води таква евиденција, од пред повеќе од 150 години. Температурите и во октомври се повисоки од просечните, но засега не се рекордни.

Останати вести