Прајминистерот на Австралија Малком Турнбул одрекува дека размислува за времето на одржување на следните избори, тој официјално тврди дека планира неговата влада да го помине целиот тригодишен мандат, што би значело изборите дека ќе се одржат во септември.
Но, за време на првата средба на парламентарниот кабинет, Турнбул изјавил пред своите колеги дека изборите може да се одржат порано, пишува Telegraph.
Според зборовите на министер од австралискиот кабинет, Турбнул изјавил дека може да објави двојни избори, со кој Претставничкиот дом и Сенатот ќе се распуштени.
„Логично е да очекуваме дека изборите ќе бидат одржани во вообичаеното време, во периодот од август до октомври, но тоа не е „фрлен камен”. Двојните избори се смета варијанта, за кој треба да сме подготвени”, изјави австралискиот прајминистер.