Прајминистерот Скот Морисон ги осуди „разорните” бомбашки напади во Шри Ланка и наведе дека има двајца австралиски граѓани меѓу 300-те загинати и 500 повредените во нападите на хотели и цркви кои се случија за Велигден.
Австралиската влада спроведува „итна” истрага за да дојде во контакт со лицата во главниот град Коломбо во кој се случија некои од терористичките напади.
Се верува дека девет странци се меѓу загинатите во нападите на три цркви и три хотели: Shangri-La Colombo, хотелот Kingsbury и Cinnamon Grand Colombo.
„Разорната природа на овие грозни напади на невини животи на луѓе кои го живееја својот живот одејќи во црква за време на еден од најсветите христијански празници, едноставно е несфатливо” – рече Морисон.
Лидерството на австралиската Католичка црква апелираше за време на собирите во Австралија и во странство за помош на колегите во Шри Ланка.
„Овој напад укажува на нешто демонско во планирањето и спроведувањето” – рече претседателот на Австралиската бискупска конференција Mark Coleridge во својата изјава.
„Знаеме дека ваквото насилство нема да го има последниот збор. Тоа е поентата на Велигден”.
Гласноговорничката на министерството изјави дека сите оние кои се загрижени за добробитот на своите пријатели или семејства во Шри Ланка веднаш директно да стапат во контакт со лицата за кои се загрижени и ако во тоа не успеат да се јават во министерството.
Нема објавени изјави за превземање на одговорноста за нападите во оваа земја која десет години беше разурната од темилските сепаратисти кога експлозиите на бомби беа вообичаена работа, се до 2009 година.
„Шри Ланка не видела вакво насилство од 2009 година, кога престанаа насилствата во оваа земја. Знаеме дека повторно се уништени животи на невини луѓе” – рече Морисон.
Поранешниот прајминистер Малколм Турнбул исто така на Твитер објави сочувство за жртвите.
„Мирот Велигденски е уништен со бесмислени и кукавички напади врз христијани во Шри Ланка. Упатуваме изрази на љубов и сочувство на сите семејства и жртви и се молиме за брзо опоравување на повредените”.
Стотици луѓе побрзаа во болниците во Коломбо да даруваат крв, известуваа локалните медиуми во Шри Ланка.