Прајминистерот Морисон вети дека нема да ги изневери жените

Прајминистерот Скот Морисон вети дека ќе го „исчисти” парламентот по најновиот во низата скандали за сексуално злоставување и малтретирање кои ја тресат неговата влада и сред обвинувања дека не го разбира бесот на жените поради токсичната машка култура.

По една недела пристисок поради млаката реакција на скандалите, меѓу кои и случајот на службеничка која обвини поранешен колега за силување, Морисон заплака на конференција за новинари во Канбера и рече дека неговите ќерки, сопруга и мајка му биле мотивација да го реши проблемот.
Новите обвинувања пристигнуваат од шептач кој тврди дека бил дел од месинџер група на вработени во парламентот каде членовите разменувале видео-снимки додека прават различни сексуални работи во парламентот, вклучувајќи и маструбирање на маса на една од пратеничките.
Шептачот, идентификуван како Том, за два медиуми изјави дека владините службеници и пратеници имале сексуални односи во салата за медитација и молитва во парламентот и носеле проститутки во зградата „поради задоволство на пратениците”. Исто така вели дека вработените разменувале порнографски снимки и во парламентот владее „култура во која мажите мислат дека можат да прават што сакаат”.
Откога во февруари една вработена во владата кажа дека во 2019 година е силувана во канцеларијата на министерската за одбрана, и следеше обвинувањето за силување против јавниот обвинител, шокантните снимки од парламентот се дополнителен доказ за токсичната сексистичка култура која се заканува да го загрози целиот мандат на Морисон. По млаката реакција на претходните случаи и бидејќи неговата министерка за одбрана Линда Рејнолдс, службеничката која го обвини колегата за силување, ја нарече „лажлива крава”. Морисон одлучи да покаже повеќе емпатија. Спомнувајќи ги ќерките, сопругата и мајката вдовица, Морисон низ солзи рече дека во „негов најдлабок интерес” е да се погрижи жените да имаат еднакви можности и вети дека нема да ги „изневери” додека го решава проблемот.
Во Австралија поради сексуални скандали во текот на март се организирани протести во главните градови. Откога одби да учестува во еден од маршевите поради претходно договорени обврски, Морисон рече дека учесниците на маршевите се среќни што можат да протестираат, а „никој да не пука на нив”.
Подоцна се понуди да се сретне со нив, но организаторите на протестот одбија.

Останати вести