Коалицијата и понатаму заостанува зад лабуристите во анкетите за наклоност на гласачите меѓу овие две партии, но Малком Турнбул го зголеми своето водство како префериран лидер на земјата.
Резултатите на најновата анкета на Newspoll објавени во Australian откриваат дека прајминистерот за сега води пред Бил Шортен како префериран лидер со 45 на спрема 31 отсто. Коалицијата со ова го добива најдобриот резултат во анкетите за преференциите на гласачите меѓу овие две партии од април минатата година, заостанувајќи зад лабуристите со 48 на спрема 52. Примарната поддршка на гласачите кон коалицијата се наоѓа на 38 отсто, додека поддршката за лабуристите и понатаму е непроменета на 37 отсто, а Зелените добиваат десет отсто.