Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито (1892-1980), на 4 мај 1980 година почина во клиничкиот центар во Љубљана.
Тито почина на 88 годишна возраст во 15.05 часот, а во ова време секоја година, додека постоеше Југославија, граѓаните со едноминутно молчење и стоење таму каде што ќе се затекнат, му одаваа почит.
Неговиот гроб се наоѓа во Куќата на цвеќињата на Дедиње во Белград. Секоја година на денот на неговата смрт неговиот вечен дом го посетуваат илјадници посетители, чекајќи од раните утрински часови да влезат и да му се поклонат на доживотниот југословенски претседател.
Тито е роден во Кумровец во хрватско Загорје, во хрватско-словенечко семејство, а како датум на неговото раѓање е утврден 25 мај, ден кога цела Југославија го славеше на младински слет на стадион во Белград.
Со така наречената Штафета на младоста, се трчаше со денови низ Југославија, а потоа избрана младинка, младинец, му ја предаваше на Тито низ директен пренос на ТВ.
Јосип Броз Тито на чело на СФРЈ бeше 35 години.
Десет години по неговата смрт земјата се распадна во крвава граѓанска војна.
На неговиот погреб присуствува највисоки светски државници и политичари, како што се Индира Ганди, Густав Хусак, Тодор Живков, Маргарет Тачер, Роберт Мугабе, Јасер Арафат, Муамер Гадафи, Јасер Арафат, Леонид Брежњев…и делегации од 128 земји.
Погребот на Тито е најголем во светската историја.