Преглед на влијанието на коронавирусот

Најнов преглед на бројот на случаи на КОВИД – 19, мерки и влијание на вирусот за ден 2 мај 2020 година.

– Во Австралија се забележани 6.767 случаи, а се опоравиле најмалку 5.745 лица.
– Во целата земја спроведени се 566.000 тестирања.
– Бројот на смртни случаи во Австралија изнесува 93 (Нов Јужен Велс 41, Викторија 18, Тасманија 13, Западна Австралија 8, Квинсленд 6, Јужна Австралија 4, АЦТ 3). Од нив 23 лице биле на бродот Ruby Princess, а 4 на бродот Artania во Западна Австралија.
Мерки
– Австралија своите граници нема да ги отвори уште најмалку три до четири месеци, објави федералната влада.
– Мерките за социјално дистанцирање и понатаму се на сила, но некои држави почнуваат да ги намалуваат рестрикциите.
– Во Западна Австралија е дозволено собирање до десет лица поради бесконтактни рекреациски активности, индивидуален тренинг на отворено на кој ќе можат да учестуваат до десет лица, а ќе биде дозволено и покажување куќи за продавање.
– Во Квинсленд е дозволено патување до 50 км од местото на живеење поради посета на паркови, пикник и џет скијање. Ќе бидат отворени сите продавници.
– 4 илиони лица ја превземале апликацијата на федералната влада COVIDSafe.
– Повторно се спроведуваат хируршки зафати, вклучувајќи IVF операции на очи и заби, детска хирургија, замена на зглобови, ендоскопија и колоноскопија.
– Над 6 милиони пензионери, даватели на грижа и други приматели на социјална помош ќе добијат нова исплата од 750 долари, а вкупно се исплатени $5.1 милијарда.
– Владата на Нов Јужен Велс во локалните совети насочи речиси $400 милиони за проекти на локалните инфраструктури и помош за исплата на плати.
– Владата на Викторија во секторот уметност ќе вложи $16.8 милиони во настојување да се обезбедат работни места и да се стартуваат нови бизниси.
– Владата на Јужна Австралија на комерцијалните издавачи ќе им даде помош од $4.5 милиони, додека пакет од $50 милиони е наменет како даночно олеснување за наемодавците за да им се помогне на средните и малите претпријатија.
– Западна Австралија најави пакет мерки од $154.5 милиони како помош на наемодавците, луѓето кои изнајмуваат и на градежната индустрија.
– Учениците во Нов Јужен Велс на училиште ќе одат еден ден во неделата од 11 мај, а постепено до крај на мај ќе се воведе редовното одење в училиште.
Во Јужна Астралија работата на училиштата ќе се нормализира во понеделник, а во Западна Австралија барано е учениците од 11 и 12 одделение редовно да ја продолжат наставата во училиштата кога ќе почне новиот семестар на 29 април. Во Викторија продолжува учењето од дома.

Останати вести