Австралиското Министерство за здравство го прекина рекламирањето на Фејсбук

Австралиското Министерство за здравство ја информира јавноста дека веќе нема да објавува реклами на Фејсбук, како свој одговор на мерките што оваа социјална мрежа ги презеде во земјата, блокирајќи ги вестите поради протест што владата предлага ново законско решение.

Веста е објавено во време кога Австралија почнува кампања за вакцинација против Ковид-19, за чија промоција владата вложи околу 25 милиони долари, во обид да се спротивстави на теориите на заговор и анти-ваксерите.
Австралискиот министер за здравство, Грег Хант, изјави дека неговото министерство ќе продолжи да ја финансира рекламната кампања, но не преку Фејсбук.
-Сите наши средства ќе бидат искористени, рече Хант. Меѓутоа, додаде тој, министерството ќе продолжи да објавува други информации преку Фејсбук, но нема да го користи за рекламирање.
Австралија е во отворен конфликт со Фејсбук околу нацрт-законот според кој сака да ги принуди технолошките гиганти да им плаќаат на медиумите за пренесување на нивната содржина.
Фејсбук минатиот четврток жестоко се спротивстави на оваа новина и, како мерка на одмазда, ја блокираше содржината на вестите на својата платформа. Неколку официјални страници на службата за итни случаи беа привремено блокирани, што предизвика големо спротивставување.

Останати вести