Прекината 105 годишна традиција

ОНЛАЈН ПОПИСОТ ЗАВРШИ СО ХАОС
Обидот да се спроведе попис претежно преку интернет во Австралија заврши со хаос, кој настана по упад на хакери, што ја подигна загриженоста за сајбер безбедноста на земјата како и оштро критикување на бавниот интернет.

Дејвид Калиш, началник за статистичка служба вели дека – „Станува збор за хакерски напад за кој веруваме дека е организиран од странство”. Според некои извори, при нападот се украдени 2,3 милиони пополнети обрасци, кои веќе се заведени во австралискиот Завод за статистика (ABS).
„Пополнетите анкети за попис ги поседува само ABS. И никој друг” – демантира тој.
Пописот, кој во Австралија се спроведува секои пет години, и ги прикажува животните услови на 24 милиони Австралици, вклучувајќи детали за просечни примања, верска и етничка припадност и брачна состојба. Министерот надлежен за ова испитување Мајкл Мекл Кормак одби инцидентот да го нарече напад, туку го опиша како „неуспешен обид за онлајн анкета кој пропадна затоа што мрежата сe преоптовари”.
Тој рече дека сајтот е опремен да прими поголем интернет сообраќај, но дека одеднаш имало голема посетеност, со што рутерот се преоптеретил, а сајтот е затворен поради претпазливост.
Властите се обидуваат да ја пронајдат причината за пад на системот, а овој неуспех доведе прв пат во 105 годишната историја на пописот, привремено да се прекине неговото спроведување, што одредени политичари го користат да ја „искажат загриженост за сајбер безбедноста на целата земја”.
„Овој случај го доведува во прашање непочитување на приватноста и личните податоци на Австралианците” – изјави адвокатот Ана Џонсон, која ги застапува правата на приватност и заштита на податоци. Неуспехот предизвика и критика за премиерот Малком Трнбол, кој ја донесе одлуката да ги намали трошоците од $29 милијарди наменети за надоградба на австралиската интернет инфраструктура.

Останати вести