Прекинато тестирањето на австралиската вакцина, испитаниците биле лажно позитивни на ХИВ

Владата на Австралија, по совет на здравствените експерти, ја повлече локалната вакцина против КОВИД -19, откога таа предизвика случаи на лажно позитивни тестови на вирусот ХИВ.

Клиничките тестирања на вакцината против КОВИД – 19 која ја развиваше Универзитетот на Квинсленд и биотехнолошката компанија CSL, се сопрени откога учесниците во првата фаза на овие тестирања имаа лажни позитивни тестови на вирусот ХИВ.
„Идентификувавме четири вакцини во кои веруваме, за кои експертите ќе дадат мислење и совети дали имаат потенцијал да ги поминат сите фази на клиничките испитувања и тие после да бидат достапни во Австралија. Во ниту еден момент, не верувавме дека сите четири вакцини ќе можат да го завршат тој процес” – изјави прајминистерот.
Компанијата CLS во своето соопштение наведе дека сега веќе повлечената вакцина не покажала сериозни нескани ефекти во правата фаза на клиничките тестирања врз 216 учесници, и имала „силен безбедносен профил”. Но, прелиминарните податоци покажале дека антитела кои ги генерира вакцината покажуваат лажно позитивни тестови на одредени ХИВ тестирања.
„Со дополнителни тестови утврдено е дека учесниците на клиничките тестирања го немаат вирусот ХИВ, тестовите биле лажно позитивни, не е можно вакцината да предизвика ХИВ” – се наведува во соопштението.
Во договор со владата, поради оваа причина сопрени се втората и третата фаза на клиничките испитувања.
„Сакаме да ги увериме Австралијанците, дека кога ќе дојде време за вакцинација, тие ќе добијат безбедна вакцина и со сигурност ќе можат да ја донесат таа одлука за себе и своето семејство” – рече Морисон. Владата претходно нарача 51 милиони дози на CLS вакцината, како и комбинирани 73.8 милиони дози од вакцината на AstraZeneca и Novavax. Но по објавувањето дека кај некои волонтери се појавиле лажно позитивни резултати на тестирањето за присуство на вирусот ХИВ, министерот за здравство Greg Hunt рече дека Австралија ќе нарача дополнителни 20 милиони дози од AstraZenece и 11 милиони од Novovax.
Секоја вакцината мора да помине три фази на испитувања пред да почне да се разгледува можноста за нејзино одобрување за јавна употреба.

Останати вести