Преку поезија се прослави Илинден

Минатиот петок, 3 август, Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј во истоимената библиотека преку поезија посветена на Илинден и Македонија пригодно ја одбележа 115 годинишнината од Илинденското востание и 74 годинишнината од АСНОМ.

Повеќе членови на Друштвото се преставија со своја поезија со која се искажа љубовта кон Македонија и кон сето она што се има постигнато со Илинденците кои го дадоа животот за да се формира Република Македонија и за да можеме денес слободно да се гордееме со македонската историја, јазик и нација.
После поезијата следеше дебата за сето она што се случува во Македонија, посебно за предавничкиот „преспански” договор кој бара промена на уставното име, бришење на македонската историја и идентитет и преку пат на референдум потпишување на смртната казна на Македонија. За таканаречениот договор македонската јавност не беше консултирана, а најмалку Дијаспората, а сега се наметнува референдум и владата не поттикнува да дадеме поддршка. За нас референдумското прашање е засновано врз лажна претензија со уцена и закана. Референдумот ќе има негативни и застрашувачки последици за Македонија поради тоа што се распродава идентитетот, историјата, јазикот и државата. Истиот ќе донесе крај на се што е македонско.
Посебно присутните ја осудија владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев кој ја манипулира и потценува македонската јавност со референдумското прашање и му подлегнува на скриените нацистички тенденции на Европската заедница. Во ЕУ и НАТО се влегува со гордост а не со потчинетост и интимидација од посилниот.
Поради таа цел присутните ја донесоа следната резолуција:
„Ние членовите на Литературното друштво „Григор Прличев” од Сиднеј и Македонците од Австралија остро ја осудуваме владата на Република Македонија што ги манипулира демократските процеси со донесување одлука да постави двосмислено референдумско прашање и поради тоа ги повикуваме Македонците од Републиката и Дијаспората да го бојкотираат референдумот кој има единствена цел – уништување на македонската државност и нација.”

Останати вести