Во волонгонг Премиера на „Последниот Mакедонец“

Минатата сабота, 18 ноември во просториите Македонскиот културниот центар при црковната општина Св Димитрија Солунски во градот Волонгонг се одржа премиерската изведба на драмата „Последниот Македонец” од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу во изведба на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Поради барање на публиката втората претстава се одржа на 19 ноември.
Најпосле театарската завеса се крена, а публиката со нестрпливост го очекуваше расветлувањето на приказната за едно македонското семејство кое поминува низ разновидни перипетии и се соочува на уништувањето на своето исконско име –Македонци, кои потекнуваат од земјата на Македон. Преку ликот на Филип, кој со особена чувствителност и напнатост успешно го изигра Никола Апостоловски, се престави сагата на сите Македонци кои ги носат со себе аманетите од дедо и прадедо да опстојат во една земја и држава каде најголемиот непријателот на Македонецот е самиот Македонец, во една држава каде корупцијата и парите се поважни од честа и угледот, поважни од самото семејство, поважни од иднината на својата нација и држава.
Темата, политички актуелна, не беше лесно да се стави на сцена не само поради чувствителноста туку и поради одговорноста што авторот, режисерот и целиот театарски тим ја носат врз себе. И како што се очекуваше после три месечно интензивно работење, театарскиот 14-членскиот тим, кои толкуваа 33 карактери, успеа два часовната претстава да ја направи интересна за гледачите иако постојано беше исполнета со напнатост за неизвесноста на семејството, а воедно и македонската нација. Тешко е да се одвојат најдобрите артисти, кои тимски работеа и извонредно ги толкуваа своите улоги. Но важно е да се забележи дека главниот носител на сите динамични сцени беше Никола Апостоловски кој во улогата на Филип не доближи до страдањата и сонувањето на сите Македонци без разлика каде тие живеат. Валентина, како и обично со трогателност го одигра ликот на мајката Солунка, како и Антонио во ликот на Македон, Владо во Славе, Васко во Ристо, Лариса во Марија, Стефани во Доста, Јаворка во Петра, Гордана во Снежана, Татјана во Атина покажаа дека се вистински таленти како и Зоран Гулабоски кој одигра пет улоги. За прв пат на сцена настапија младите Ина во улогата на Македонка и Сандра во улогата на Теута кои покажаа дека имаат артистички потенцијал. Музиката за претставата ја компонира и изведуваше Стефо Нанцу, кој покажа дека покрај што е добар режисер туку е и добар композитор.
Честитки на целиот персонал на Македонскиот театар за убавата претстава која треба да се види од сите Македонци и да се поддржи театарот кој секоја година успева да ни понуди нови и со различни теми претстави. Најголемата порака што ја понесов со себе е: Сега во Македонија е ризично да си Македонец.
Наредните престави се во Сиднеј и тоа во Рогдаел на 1 декември во 19 часот, 2 декември во 15 часот и 8 делември во 19 часот во просториите на Mакедонскиот културен центар „Илинден”, 65 Railway Street.

Останати вести