Три милијарди „заклучени” федерални пари кои биле наменети за сега веќе напуштениот проект со кој би се реновирале и граделе улиците во Викторија треба да се „ослободат” за користење за други проекти, рече премиерот на државата Даниел Ендрус.
Прајминистерот Скот Морисон треба да овозможи парите наменети за одбиениот проект за автопатот East West Link да се употребат за други проекти.
„Три милијарди долари за кои Морисон смета дека се негови пари „се заклучени” од Либералната партија. Прајминистре Морисон, ова не е се ваши пари, тоа се пари кои им припаѓаат на граѓаните на Викторија. Со нив не се прави ништо, тие само „седат во џебот на прајминистерот” – вели Ендрус и повика на прилив на парите за проекти за инфраструктура пред состанокот на Советот на владата на Австралија на тема раст на жителите во средата. Се пожали дека Викторија примила само 10 отсто финансии за инфраструктура и покрај тоа што во оваа држава живее четвртина од жителите, а барала над 25 отсто вложувачки пари. Ендрус беше во кавга и со предходниот прајминистер Тони Абот кој ги замрзна парите за Викторија само за овој проект, следниот прајминистер Малколм Турнбул се сложи со пренасочување на $1.5 милијарди од првобитно наменетите за проектот Est West Link за други проекти. Во федералниот буџет за годинава $7.8 милиони се наменети за Викторија за инфраструктура. Како се спроведуваат другите проекти за градба и обнова на улици, Ендрус би бил пресреќен кога трите милијарди долари би можел да ги искористи за било кои од тие проекти, но само кога Морисон би му дозволил пристап до тие пари. Државната влада во 2014 година го укина договорот за проектот Est West Link, што даночните обврзници ги чинеше повеќе од милијарда долари. Вербалниот напад стигна откога Ендрус ја прегледуваше челичната основа во Јарацвил изградена за во неа да се преработуваат тони материјали кои ќе бидат ископани во текот на работа на West Gate тунелот што ќе чини $6.7 милијарди долари. Ендрус и министерката на сообраќај и инфраструктура Џасинта Алан најавија дека следната година во Австралија дека ќе пристигне машина за бушење тунел тешка 4.000 тони и долга 90 метри, а набрзо потоа треба да дојде уште една таква машина. Овие големи машини ќе се користат за бушење тунел чие отварање се планира за 2022 година.