Во салата „Гранд павилион” во Росхил Гардaнс се одржа свечена вечера со Премиерката на НЈВ, Госпоѓицата Гледис Бериџиклијан.
“Premier’s Harmony Dinner”, се одржува секоја година во март месец. На вечерата беа присутни 1400 гости, меѓу кои имаше и околу педесетина нашинци членови на Македонскиот просветно-училишен одбор на НЈВ, како и членови на Македонското културно уметничко друштво ,,Илинден”, на Демирхисарското друштво и на повеќе други македонски општествени организации. На вечерата исто така имаше претставници и од Федерацијата на јазици на НЈВ кои упорно се залагаат и лобираат за училиштата за јазици да придобијат подобри услови, финансиска помош и сл. Вниманието на гостите го привлече изборот за најубаво облечен гостин во национален костум. Меѓу најдобрите десетмина, Македонската заедница имаше дури двајца претставници: Изабела Наумовска, која беше облечена во прекрасната традиционална, оригинална носија од Галичник и Јорде Блажевски, кој беше облечен во носија од регионот Повардарие. Македонската заедница е беше видно забележана и атрактивна на Премиерската вечера во Нов Јужен Велс.
Ж.М.



