Лабуристи: Да се намалaт дотациите за „оние кои се преплатени“

Федералната опозицијата вели дека „има смисол” да се намалат исплатите во програмата JobKeeper во случаи каде луѓето во склоп на оваа програма вредна $70 милијарди, заработуваат сега повеќе отколку обично.

Државниот благајник наговести дека оваа и другите промени ќе бидат објавени во склоп на економскиот извештај. „Свесно одлучивме да донесеме една фиксна исплата од 1.500 долари, но тоа значеше дека некои луѓе се „премногу платени “, додека други добиваат помалку од тоа што имале пред вонредната состојба. Ваква одлука ја донесовме затоа што сакавме повеќе пари да им дадеме на граѓаните, но не сакавме да градиме нов систем” – вели Frydenberg.
Владата имаше време „да размисли” за се, вели тој.
Сенаторката на лабуристите Katy Gallagher вели дека опозицијата „веќе некое време” тврди оти владата би можела програмата да ја направи построга. „Мислам дека има смисол оние кои заработуваат помалку, а низ JobKeeper сега добиваат повеќе, навистина има смисол да се намалат таквите исплати” – вели таа. Мини буџетот ќе открие до која мерка пандемијата и наштетила на економијата и детално да ги открие плановите на владата поврзани за идните исплати преку програмите JobKeeper и JobSeeker.
Програмата JobKeeper после септември ќе биде заменета со нов систем на „потенки исплати” со фокус на одржување на помошта за индустриите како што се туризам и угостителство кои беа присилени целосно да ја затворат работата.
Во склоп на програмата JobSeeker која ги зголеми двонеделните исплати на 1.100 долари за време на пандемијата, Gallagher изјави дека враќањето на првобитните исплати од 40 долари дневно „не е прифатливо”, но одби да предложи износ.

Останати вести