Пет концерти досега, исполнети до последното место. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд со доста импресии од нивната 4-та по ред турнеја во Австралија. До крајот им преостануваат уште 7 концерти сосе најновиот дополнителен заради големиот интерес за 1 април во Гранд Нерет рецепција.
Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд во моментов ја остваруваат нивната 4-та турнеја во Австралија. Момците досега одржаа пет концерти, а како што дознаваме салите во кои настапуваа биле исполнети до последното место.
– Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Перт, Бризбен, Голд Кост, во сите градови каде што ги има нашинците. Најчесто пееме македонско се знае, но потпевнуваме и балкански хитови, но претежно македонски.
Како и претходните турнеи, така и овојпат, Ѓоко и Енерџи се топло пречекани од нашинците во Австралија. Со оглед на тоа што дијаспората на овој континент важи за најпозитивна и највесела публика, тие велат дека се презадоволни од настапите и си поминуваат одлично. До крајот на турнејата им преостануваат уште 7 концерти од кои место има уште во Бризбен за 17 март, Сиднеј за 31 март и новонајавениот концерт во Мелбурн на 1 април. Останатите се одамна распродадени.
Рекордна посетеност и распродадени концерти
Оваа сабота и недела продолжија најуспешните концерти на Енерџи бенд во Џилонг и Квинбијан. Лидерот на групата Ѓоко Јовиќ ја загреа атмосферата до максимум и публиката беше презадоволна од сплетот на народни и забавни песни.
Поради големата заинтересираност најавени се уште два дополнителни концерти: во Сиднеј на 31 март и во Мелбурн на 1 април.
Ѓоко го издаде првиот забавен албум кој се вика “Корени”, во него има 9 песни меѓу кои е и песната “Корени”. Се очекува дека ќе биде најбаран албум во 2018 година во Македонија.





