Преселување во новиот стадион во Перт следната година

AFL се сложи со преселувањето на новиот стадион во Перт идната година, со што ќе се напушти стадионот Domain во Subiac.

По долгите преговори кои премиерот Mark McGowan ги опиша како „цврсти”, AFL се согласи со преселување на новиот стадион во Перт веќе за сезоната 2018 година. AFL наводно се заканил дека следната година ќе остане на стадионот Domain во Subiac откога владата ги одби нивните барања и другите спортови да учестуваат во надокнадата на потенцијалниот недостаток на средства кој би можел да се случи поради преселувањето на нова локација.
Но, претседателот на Фудбалската комисија на Западна Австралија, Murray McHenry ова го негираше.
„Кој вака се заканувал? Вакво нешто само се пишуваше во весниците, а Одборот тоа не го кажал во ниту еден момент„ – рече McHenry. Претседателот на AFL, Richard Goyder, го поддржа – „Mark и јас само се погледнавме и едноставно кажавме дека нема шанса да играме фудбал на овој стадион во 2018 година. Ајде да го решиме” – рече Goyder. Премиерот изјави оти разговорите биле стресни.
„Тоа беше тежок процес – процес во кој навистина бев многу вклучен” – рече McGowan. Согласно со договорот, $10.3 милиони од приход од фудбалот на стадионот ќе се уплатува на Фудбалската комисија на Западна Австралија секоја година во следните 10 години, за што McGowan вели дека ќе се обезбедат темели за просперитет на фудбалот.
Како втор дел од договорот меѓу владата на Западна Австралија, операторот на стадионот VenuesLive, AFL, тимовите West Coast Eagles и Freemantle Dockers, 50.000 седишта ќе бидат достапни за членовите на нивните тимови за нивните домашни натпревари за време на сезоната. Најмалку 6000 влезници ќе бидат достапни за оние кои не се членови на AFL за секој од овие натпревари. Само 1385 претплати за стадионот во Перт ќе се понудат на навивачите кои сакат да ги гледаат сите спортски случувања кои се случуваат на стадионот. Немаше назнаки за тоа кои тимови први ќе настапуваат на стадионот, а исклучено е дека сезонава ќе почне со дербито. McGowan рече дека би сакал да го гледа натпреварот на Freemantle Dockers против Collingworth. Изгледа дека ќе има повеќе вечерни натпревари ако се земе в предвид дека стадионот има врвно осветлување, но не пред да се заврши градењето на мостот за пешаци преку реката во јули. Стадионот службено ќе се отвори за јавноста на 21 јануари, а потоа на него ќе се одвиваат спротски и друштвени случувања пред почетокот на AFL првенството.

Останати вести