Секогаш треба да имате на ум дека не можете да ослабете брзо и здраво, а и дека при секоја препишана диета постојат одредени заблуди кои се однесуваат на намирниците, тајмингот на јадење, како и при внесувањето на потребните витамини.
Доколку јадете пред спиење добивате килограми
За да може телото да ги врши нормалните функции, како и за побрз метаболизам потребно е да внесувате одредена количина калории. Доколку чуствувате глад или доколку мислите дека вашето тело е слабо поради недоволна исхрана во текот на денот, тогаш слободно јадете навечер.
Само поради еден оброк пред спиење нема да добиете килограми плус. Се разбира, не треба да се прејадувате.
Прескокнувањето на оброците ја намалува килажата
Прескокнувањето на оброците е една од најголемите заблуди со кои се соочуваат припадничките на понежниот пол. Доколку мислите дека со прескокнувањето ќе го намалите вишокот килограми, тогаш се лажете. Прескокнувањето на оброците ја намалува можноста за нормално функционирање на метаболизмот. Па најчесто жените кои го прескокнале појадокот за време на ручекот јадат повеќе, се со цел да го надоместат губењето на виталните состојки за нормално функционирање на телото. Запомнете дека прејадувањето е најголемиот виновник за вишокот килограми.
Премлади сте за да се грижите за здравјето и исхраната
Доколку консумирате здрава исхрана и имате здрави навики во младоста, тогаш бидете сигурни дека се грижите правилно за иднината на телото, а и со тоа го пружате посакуваниот отпор кон болестите.
Со консумирањето овошје и зеленчук и останатите корисни намирници освен што ја регулирате тежината вие и ги спречувате болестите кои се директно поврзани со прекумерната тежина.
Здравата храна е здодевна
Откријте ја храната која е вкусна и воедно добра за организмот. Потребна е мала организација, фантазија и желба за откривање на нови вкусови. Медитеранската кујна е еден од најдобрите примери со сите свои намирници кои се лесно достапни.
Добрите диети се без шеќер и со малку јаглехидрати
Ваквите диети се уште една невистина. Стручњаците сметаат дека токму оваа заблуда во осумдесеттите години во САД довела до зголемен број на предебели луѓе. Доколку на амбалажата на производот пишува без шеќер, прочитајте ја задната страна и проверете за што точно станува збор. Денес живееме во општество во кое маркетингот е главното оружје на пазарот, па бидете свесни дека компаниите ќе направат се за да продадат.
Никако не ги јадете вашите омилени колачи
Доколку во вашата диета стои дека не треба да ги консумирате омилените слатки, тогаш не очајувајте, бидејќи потребно е само да го намалите шеќерот. Доколку омилените колачи се многу калорични тогаш сменете го рецептот и во нив ставете помало количество шеќер. Понекогаш смеете да си дозволите вкусен и сладок оброк.