Престојот во Осака, Трамп го почна со австралискиот премиер

 Американскиот претседател Доналд Трамп го започна својот престој во Осака со вечера со австралискиот премиер Скот Морисон зa време на самитот Г20. Двајцата водачи си разменија пофалби, а Трамп изјави дека би сакал да ја посети Австралија подоцна оваа година, за време на одржувањето на престижниот турнир во голф Куп на претседатели.
Трамп, исто така рече дека двата народи „многу блиско соработуваат” кога е во прашање трговијата.

– Можам многу лесно да кажам дека бевме многу добри кон нашите сојузници, соработуваме со нив, дури и им помaгаме со воените сили, иако наследив голем трговски дефицит со сојузниците. Значи, ние се грижиме за себе и тоа го правиме попозитивно од кога било досега, но ние исто така се грижиме за сојузниците, рече Трамп.

Останати вести