Лавовите поразени на домашен терен

ВТОРА ЛИГА НА ВИКТОРИЈА, 21.КОЛО

Престон Македонија – Фицрој Сити  2-3 (1-1)

Уште еден пораз на нашите Лавови кои не можеа да се препознаат во нивната игра. Ослабен на голот со неиграњето на првиот голман Никола Костадиновски, кој издржува казна заради црвениот картон, Престон Македонија добро започна но на крајот од средбата катастрофално заврши.

Колевски уште во 5 минута ги израдува  навивачите,  кога се најде сам во шеснаесетникот, ја прими топката и одлично биеше во празниот гол на гостите за 1-0. Фицрој Сити изедначи на 1-1 во 17 минута, кога одбраната остави премногу простор и младиот и неискусен голман беше немоќен да го одбрани голот, гледајќи само како неговата мрежа се затресе. Со овој резултат се отиде на одмор.

Второто полувреме од почеток и припадна на гостинската екипа  која дојде во водство во 50 минута на 1-2. По десет минути предноста  се зголеми на 1-3.  Престон го ублажи поразот преку Најдовски во 70 минута на 2-3. Очигледно тоа беше се што можеше да постигне екпата на Јосип Бискиќ, кој ќе мора наредната сезона  да направи повеќе измени и да донесе нови засилувања ако сака клубот да биде со подобри резултати одошто оваа година.

Во наредното,  последно коло в сабота, на 21 септември, Престон Македонија игра на теренот на Авондајл Хајтс.

С. Г.

Останати вести