Пpестон Македонија ги очекува јуниоpите во машка и женска категоpија

Фудбалскиот клуб Престон Македонија ги повикува сите нови и досегашни јуниорски фудбалери да се приклучат во нашата фудбалска програма за 2014 година и да присуствуваат на денот за Регистрација и Информација кој ќе се одржи во недела, на 8 декември со почеток од 9ч наутро на стадионот во Резеpво.

 

Клубот веќе има направено значителни измени и е посветен во подобрување на програмата за помладите играчи со нови фудбалски тренери и техники што ќе бидат дел од една безбедна средина и дружење за вашите деца.

Исто така постојат и некои возбудливи работи што се случуваат во и околу клубот во моментов! Благодарение на нашите пријатели од Општината Даребин, нашиот главен терен за јуниори на стадионот во БТ Конор неодамна доби инвестиција во инфраструктурата со изградба на нова ограда окулу теренот а очекуваме да започнат и pаботите со новото осветлување кое треба да биде завршено во текот на следните месеци.

Никогаш не било подобро време за вашето дете да се вклучи во редовите на легендарната Престон Македонија и со гордост да го носи црвено жолтиот дрес!
Деталите за денот за pегистрација се:

Ден: Недела, 8 декември 2013
Време: 09:00-12:00
Место: Genis Steel Stadium @ B.T. Connor Reserve, Cnr Broadhurst Ave & Radford Rd, Reservoir

• Тимови за машки и девојчиња
• Сите возрасни групи
• Фудбал за мали деца ( U7 – U11 )
• Јуниори / Кадети ( U12 – U18 )
• Квалификувани / Акредитирани Тренери
• БЕСПЛАТЕН тренинг и сендвич за вашите деца на денот за pегистрација

ВАЖНА НАПОМЕНА ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Депозит од 50 долари е потребен за да се обезбеди вашето место за 2014 година.

Ако не сте во состојба да присуствувате на денот за регистрацијата, но сте заинтересирани за вашето дете да биде дел од Јуниорите на Престон Македонија за сезоната 2014, едноставно пополнете го следниот формулар на нашата веб страницаhttp://www.plfc.com.au/plfc-juniors-expressions-of-interest/ и ние ќе ви испратиме подетални информации во врска со регистрацијата и почетокот на тренинзите.
ФК Престон Македонија

Останати вести