Престон Лајонс – Карнли 0:0

Прва државна лига на Викторија, 20 коло
Гостите се еден од кандидатите за испаѓање од лигата и се очекуваше дека ќе се борат за освојување на бодови потребни за опстанок.

Првото полувреме се играше без забележителни шанси пред головите, иако Престон Македонија имаше иницијатива и подобра игра. Ситуацијата на теренот беше поинаква во второто полувреме кога голманот на Карнли беше изразено најдобриот играч на теренот. Тој дента буквално го бранеше секој удар на голот и беше несовладлив.
На крајот резултатот остана без голови, со поделба на бодовите.
Во сабота, на 27 август, Престон Македонија игра на теренот на Норт Саншајн Иглс со почеток во 15.00 часот.

Останати вести