Прва државна лига на Викторија, 13 коло
Иако имаше шанси во првото полувреме головите паднаа во второто полувреме, а нововлезениот Климент Димитриевски во 63 минута ја затресе мрежата за заслужено водство од 1:0. Престон доминираше на теренот и постојано атакуваше, и после една брза акција и фаул на гостите во казнетиот простор судијата покажа на белата точка. Сигурен егзекутор на најстрогата казна беше Пеце Сивевски за 2:0.
Во сабота, на 9 јули, Престон повторно игра на домашен терен и ја пречекува екипата на Алтона Ист Феникс со почеток во 15 часот.