НАЦИОНАЛНА ПРЕМИЕР ЛИГА 3 НА ВИКТОРИЈА, 1 КОЛО
Во првото коло од годинашното натпреварување Престон Македонија забележа победа. Практично сите голови беа постигнати од “лавовите”, започнувајќи од автоголот на Карл Баричевиќ во 21 минута преку кој гостите дојдоа до водство од 0:1. После тоа се ангажираше голгетерот Крис Давис за да изедначи во 35 минута за 1:1, и со тој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме за решавачкиот погодок се чекаше дури до судиското продолжение кога во 94 минута Алекс Скиаво за огромна радост на гласната публика ја реши средбата со победа на Престон од 2:1. Вечерта на натпреварот “лавовите” заработија и 4 жолти картони. За прв пат на стадионот во Резерво се играше вечерен натпревар во петок што оваа година ќе биде стандард за повеќето домашни натпревари.
Следниот петок, на 26 март, Престон Македонија гостуваат кај Спрингваел Вајт Иглс со почеток во 20:30 часот.