Прва државна лига на Викторија северо–запад, 10 коло
Тежок противник, а исто така и теренот беше напорен за игра, лизгав и влажен. Во првото полувреме Престон имаше неколку шанси, ја затресе и стативата но немаше среќа да дојде до посакуваното водство.
На почеток на вториот дел Тони Стерјовски мајсторски го изведе слободниот удар, а Јаја Дисаси највисоко скокна и ја затресе мрежата за 1–0. До крајот на средбата резултатот остана непроменет, а Престон Македонија освои нови три бодови и го задржа второто место на табелата.
Во недела, на 12 јуни, Престон Македонија игра на теренот на Вестерн Сабрбс со почеток во 15 часот.