Прва фудбалска лига на Викторија -21 коло
Иако пред крајот на првото полувреме, после досудениот пенал во 40 минута, гостите поведоа со 0–1.
Лавовите сепак со победа ја поздравија својата домашна публика.
Во второто полувреме фудбалерите на Престон Македонија го засилија притисокот и прво резултатот беше изедначен во 63 минута, со голот на Тони Стерјовски на 1–1. Во завршницата, околу 85 минута игра, Дани Баракат се потруди да се оствари победата кога ја затресе мрежата за 2–1.
Во сабота, на 5 септември, Престон Македонија гостува кај Санбури Јунајтед со почеток во 15 часот.