Прва државна лига на Викторија северо–запад, 18 коло
“Лавовите” излегоа на теренот желни за победа и во 18 минута, по почетното испробување на силите, извонредниот Тони Стерјовски нафрли убава топка во казнениот простор а Бале Мицевски ја зафати со главата за 1:0. Дваесетина минути подоцна расположениот за игра Бале повторно беше во улога на стрелец, кога ја прифати брилијантната топка од Алекс Петровски за 2:0. Орните за надигрување “лавови” сакаа да се докажат и пред крајот на првиот дел, Најдовски отвори простор во одбраната на гостите и ја испрати топката до Ахмет Турер, кој со глава ја смести топката во голот за негов прв погодок а трет за Престон Македонија на оваа средба.
Во второто полувреме Престон Македонија играше порелаксирано, чувајќи ја високата предност создадена во првите 45 минути игра. Гостите до крајот успеаја да го намалат поразот со утешниот гол за конечни 3:1.
Во сабота, на 13 август, Престон Македонија игра во гости против Алтона Ист Феникс со почеток во 15.00 часот.