Престон Македонија следната сезона со нови сили

Престон Македонија во 2014 година ќе добие од Општината Даребин помош за значително подобрување на теренот и условите што ги има клубот.

Вкупно 190,000 долари се обезбедени во проектот кој ќе биде финансиран од општината, од кои 150,000 ќе се употребат за осветлување на теренот, а 40,000 долари се обезбедени за подобрување на условите за јуниорските екипи.Осветлувањето ќе овозможи повеќе тимови да можат да тренираат навечер и е во склад со желбата на клубот да се зголеми бројот на деца што играат во клубот. Веќе е започнат новиот тим за девојки од 15 и 16 години, а следната година се очекува  дополнителни 8 до 10 јуниорски тимови да се оформат.

Клубот моментално во договор со Општината Даребин е во фаза на планирање, и се очекува новите светла за помошниот терен да бидат поставени и функционални на почеток на 2014 година.

Останати вести