Свечености во Соборната Црква “Раѓање на Пресвета Богородица” од Сиднам

Во Македонската православна соборна црква “Раѓање на Пресвета Богородица” од Сиднам беа организирани  големи  црковни свечености за празникот Успение на Пресвета Богородица.

Молитвената радост беше изразена кај сите  верници присутни на светите празнични богослужби, бидејќи оваа година нив ги предводеше надлежниот епархиски архиереј, митрополитот Преспанско Пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски Петар, кој чиноначалствуваше  и на Вечерната света богослужба во вторникот, на 27. август и утредента на празничната Света архиерејска литургија.

По завршувањето на светата вечерна богослуба за сите верници Црковниот одбор, во црковната сала,  приреди свечена празнична трпеза на љубовта. Вечерата ја благослови и го честита празникот самиот митрополит Петар.

На 28. август на празникот Успението на Мајката Божја – Пресвета Бгородица со почеток во 8-оо часот се отпочна со празничната света утрена богослужба, и  веќе во 8-30 часот, Соборниот храм почна  да се полни со верници. Во 9-оо часот, исто како и на вечерната света богослужба, надлежниот архиереј беше свечено пречекан од  многубројните верници, кои уште рано дојдоа да принесат дарови на Олтарот, да примат благослов од својот духовен архипастир и  да се помолат на Мајката Божја. Во 9-30 часот запона светата архиррејска литургија со која  чиноначалствуваше митрполитот Петар. На светата литургија како и на вечерната света богослужба пееше црковниот хор при Соборниот храм.

Подготвил отец Мирко

Останати вести