ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2019 ГОДИНА

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

Ве известуваме дека во сабота на 20 април 2019 година, од 07:00 до 19:00, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во 25 Cobbadah Street O’Malley ACT 2606 и во просториите на Генералниот Конзулат на РС Македонија во Мелбурн7/492 St Kilda Road Melbourne VIC 3004, ќе се спроведе гласањето за нов Претседател на РС Македонија.

Право на гласање ќе имаат сите македонски државјани кои се во период од 08 февруари до 14 март 2019 година се пријавиле преку онлајн апликацијата на Државната изборна комисија, преку Амбасадата на РС Македонија во Канбера или Генерален Конзулат во Мелбурн и кои добиле Решение од Државната изборна комисија со кое на лицето му се овозможува своето право на глас да го оствари во Амбасадата на РС Македонија во Канбера и во Генералниот Конзулат на РСМакедонија во Мелбурн. За проверка на состојбата на Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во Дипломатско-конзуларните претставништва на РСМакедонија, кликнете на следниот линк:

https://izbirackispisok.gov.mk/

Лицата кои се запишани во посебниот извод од Избирачкиот список, ќе можат да го остварат своето право на глас, доколку поседуваат важечка македонска патна исправа или важечка македонска лична карта, со која ќе  се идентификуваат на денот на гласањето.

Со почит

Амбасада на
РС Македонија

ДКП- Канбера

 

Останати вести