Прајминистерот Малколм Турнбул застана во одбрана на одлуката на неговата влада да го напушти уставно дефинираниот глас на домородците во парламентот, велејќи дека тоа е спротивно на принципот на еднаквост.
Турнбул овие коментари ги даде на заедничката прес-конференција со новоизбраната премиерка на Нов Зеланд, Џасинта Ардерн. Советот за референдум предложи формирање на советодавно тело за прашања на Абориџините и жителите на островот Torres Strait, кое би било бирано на национално ниво. Минатиот месец, Турнбул го одби предлогот за формирање на вакво тело, велејќи дека „не е пожелно ниту може да се избори за наклоност”. Лабуристите оваа одлука ја опишаа како „удар во стомакот” на Советот за референдум. Во Кирибили изјави оти го поддржува силниот глас на домородците во Австралија, велејќи дека во долниот дом и сенатот, сега се наоѓаа пет претставници на домородтците
„Наш став е дека овој модел не е пожелен, а причината за тоа е што нашите национални институции се темелени на тоа да се отворени за секој граѓанин на Австралија. Ова тело неизбежно би било сфатено како трет дел на парламентот и не би можело да се смета на успехот на референдумот” – додаде Турнбул. „Нов Зеланд е единствен по тоа што има седум претставници на Маорите во нашите изборни единици, а ова секако влијаеше и избраните претставниците кои се наоѓаат во парламентот на Нов Зеланд”, рече Ардерн. „Горда сум што четвртина од нашиот парламент го сочинуваат претставниците на Маорите кои се домородци” – додаде таа.