Македонското пензионерско друштво од Џилонг веќе неколку години одржува прекрасна презентација на македонската храна.
На овој настан присутните можат да научат како да приготвуваат традиционални македонски тулумби, кифли, мазници и зелници како дел од Пензионерски фестивал во Џилонг 2017. Презентацијата покрај пренесување на знаењето овозможува и да се пробаат специјалитетите во Македонскиот центар при МПЦ. “Св. Јован Крстител”, кој се наоѓаат во населбата Bell Post Hil.


