Минатиот петок повеќе од 350 луѓе зедоа учество во презентационата вечер на Престон Македонија. Вечерта беше за дружба и рекапитулација на успесите од поминатата фудбалска сезона.
Масовноста на прославата покажува дека клубот на Лавовите во Резерво има сила и енергија за нови потфати во наредната година.
Честитки до управата, стручниот штаб и сите тимови за успехот во 2015 година.




