Презентациона вечер на Алтона Маџик Вардар

По успешно завршената сезона Алтона Маџик Вардар одржа презентациона вечер на која ги прогласи своите најдобри фудбалери. Во првиот тим најдобар стрелец беше Олексиу Крапко, најподобрен играч Џејсон Велјановски, највреден играч Мак Томи, Џони Стојчевски и Стивен Кудриг се најдобри и најфер играчи.

Резервниот тим ги одликува следните играчи: Фестим Елмази за најдобар стрелец, Боби Ефтимовски најподобрен а Пол Смургевски и Фестим  Елмази се најдобри и најфер. Во третиот тим се прогласени: Ник Дамчевски голгетер и Стефан Софрановски за најдобар и најфер.

Честитка на сите играчи од овој клуб, кој е највисоко рангиран од нашата заедница во Викторија, за нивниот труд и успех во 2013 година.

Останати вести