Престон Македонија – Витлси Спортинг 1-0 (0-0)
НОВИ ЗАСИЛУВАЊА ОД АРГЕНТИНА
Во првото полувреме видовме доста шанси но не и голови. Се направија повеќе измени во двете екипи. Лавовите настапија без 5 стандардни фудбалери за да им се даде шанса на новите фудбалери. Во 78м. беше постигнат единствениот гол за 1-0 за Лавовите од страна на новиот играч од Аргентина, кој постигна евро гол од 25 метри.
Подготовките продолжуват за Престон Македонија. Во екипата дојде како засилување и голманот од Кинстон Сити, Даглас Линборг, кој има 26 години и за првпат го видовме на натпреварот со Витлси Спортинг.
Во екипата се дојдени уште три нови засилувања од Аргентина а нивните имиња се држат во тајност. Полека но сигурно Лавовите ќе имаат тим кој ќе се носи достојно во годинашната лига, вели капитенот Антонио Стеријовски.
Стефан Горгиевски
28 Oct 2026
26 Oct 2026