ПРЕСТОН МАКЕДОНИЈА – АВОНДАЕЛ ФК 1:1 (0:0)
Лавовите на Престон Македонија во вторникот го одиграа првиот пријателски натпревар во Резерво каде тренерот Желко Поповиќ испроба повеќе од десетина нови млади момчиња.
Во првите 45 минути видовме слаб фудбал од новите фудбалери.
Во второто полувреме се направија доста измени во двете екипи но сепак се играше осреден фудбал од двете страни. Некаде после 70 минута гостите дојдоа во водство од 0-1. Лавовите возвратија со контра напади и во 80 минута изедначија на 1:1. Во последните минути се играше повеќе со контра напади но беше неуспешно за нашите Лавови. Од она што го видовме на самиот натпревар не може многу да се очекува во новата сезона од нашите Лавови. Се надеваме дека сепак ќе се донесат добри засилувања пред да започне новата сезона.
Во сабота Лавовите повторно играат на домашен терен и ќе ја пречекаат екипата на Мореланд Зебри со почеток во 15.00 часот, додека резервите во 13.00 часот во Резерво.
Стефан Горгиевски