Пријателски натпревар: Престон Македонија -Лагварин 4-1 (3-1)

Започнаа фудбалските подготвителни натпревари на Престон Македонија, во пресрет на новата сезона. Овој месец одиграни се два пријателски натпревари. Првиот беше минатата недела против Авондаел каде Лавовите во гости загубија со 2-1. Оваа сабота Лавовите на домашен терен во Резерво на дождливото време убедливо ја совладаа екипата на Лагварин со 4-1.

Сепак на почеток од средбата не одеше се по план и ненадејно во 3 минута гостите дојдоа до водство со 0-1. Лавовите возвратија со подобра игра и силни напади после примениот гол. Во 23 минута Престон Македонија изедначи преку Мексен за 1-1. Малку подоцна во 30 минута Наумовски зголеми на 2-1 за Престон Македонија. Во 35 минута повторно на сцена стапи одличниот центорфор Максен за 3-1, со што со солидно водство се отиде на одмор.
Второто полувреме започна со уште еден гол во 51 минута, и повторно како стрелец се запиша Максан. Тренерот Љупчо Ацевски направи шест измени во второто полувреме. После измените сепак резултатот остана непроменет од 4-1 за Престон Македонија. Тренерот Ацевски има на располагање повеќе од 18 фудбалери од кои ќе треба да го состави годинашниот тим.
Во сабота, на 22 февруари, Престон Македонија игра во гости против екипата на Џилонг Македонија со почеток во 15 часот.

Стефан Горгиевски

Останати вести