Престон Македонија – Санбори 2-2 (1-2)
Подготовките на Престон Македонија продолжуваат и секоја недела се играат по два натпревари. Во вторникот на домашен терен во Резерво, Лавовите се претставија во слабо издание.
Тренерот Желко Поповиќ се уште ги испробува новите фудбалери додека некои од старите фудбалери имаат повреди. Капитенот Стеријовски има две повреди, една во ногата и една во левата рака, и ќе мора да го оперира левиот палец во четворток. Напаѓачот Кингсли се уште влечи стара повреда на десната нога и тој ќе мора да оди на операција за неколку месеци. Центархалфот Лука се врати и одлично се носи во одбраната. Во првото полувреме Лавовите примија два гола а можеа и да водат со неколку гола разлика но напаѓачите се посрамија.
Во второто полувреме нашите Лавови се вратија со силни напади и изедначија на 2-2 со головите на Петровски и Лука. Тогаш фудбалерите на Престон можеа да постигнат уште неколку гола и да освојат победа но овој пат како да немаа среќа. Следниот тест натпревар ќе биде во сабота, на 5 март, против екипата на Менихем со почеток во 15 часот во Резерво.
Стефан Горгиевски

