Патот од принцеза до наркозависник

Хариет со нејзината мајка Џил

Хариет Вран (26), ќерката на поранешниот премиер на НЈВ Невил Вран е обвинета за убиство на Даниел МекНалти минатата недела.

Таа ќе биде во затвор следните месеци бидејќи не даде апликација за кауција. Убиството на продавач на дрога се случило во сиднејското предградие Редферн за $70 долари. Адвокатите на Хариет дадоа индикација дека ќе се борат против обвинувањето, и нејзиното присуство било да добие дрога додека борбата се случила помеѓу нејзиното момче Мајкл Ли (35) и Лојд Хејнс (29), кои го нападнале починатиот. Борбата во станот што бил социјален и обезбеден од државата, била со последица еден мртов и еден сериозно повреден. Нејзиниот починат татко остави зад себе имот поголем од 40 милиони долари, додека неговата ќерка живее на улица постојано дрогирана. Уште од 2011 година има постојан проблем во фамилијата Вран во кој ќерката од претходниот брак Ким Шефтел е чувар на имотот.

Останати вести