Принцот Чарлс од Велс е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, на собирот одржан во Лондон. Досега било вообичаено лидерството во Комонвелтот да го држи монархот на Обединетото Кралство и Северна Ирска.
Но, Кралицата Елизабета Втора сакаше да се откаже од оваа функција и во нејзиното обраќање соопшти дека нејзината искрена желба е во случајов принцот Чарлс да ја наследи. Лидерите на државите членки на Комонвелтот разговарале за ова прашање на состанокот зад затворени врати во замокот Виндзор, при што ја донеле одлуката за назначувањето.
Предлогот, раководството на организацијата да биде по ротациски принцип меѓу 53-те држави членки бил отфрлен, а Кралицата Елизабета Втора, британската премиерка Тереза Меј, канадскиот премиер Џастин Трудо и повеќе други државници ја дадоа својата поддршка на принцот Чарлс.
Комонвелтот на нациите е меѓународна организација во која членуваат Велика Британија и најголемиот број поранешни британски колонии. Оваа политичко-економска организација опфаќа 53 држави на 6 континента.
