Принцот Филип опериран од срце во стотата година од животот

Сопругот на кралицата Елизабета Втора, британскиот принц Филип кој има 99 години, имаше операција на срцето по инфекција.

Војводата од Единбург закрепнува во болница во Лондон, каде ќе престојува до 6 недели.
„Во среда вечерта принцот Филип беше успешно опериран за да се реши мал проблем со срцето. Ќе остане во болница за да закрепне и да се одмори во текот на следните денови”, соопштија од Бакингемската палата. Пред повеќе од две недели принцот Филип, беше примен во болница во Лондон откако му се слоши во дворецот Виндзор.
Во брак со кралицата Елизабета Втора е од ноември, 1947 година.

Останати вести